компримира (св. и несв.)
Без испуштањето на тој воздух, кој се компримира во цевката доколку во некој момент во неа не течела вода и сега наеднаш е пуштена, водата не може да пробие надолу по главните цевки.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И во тоа успева, иако тоа компримирање, односно изоставање на дејства, го плаќа со многу знаење, есеистички пасажи и неретко со чиста лингвистичка наука, односно со историја на јазичните недоразбирања на овој наш, како што велат јунаците на неговиот роман проклет Балкан.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)